Вработените во Комунален сервис Валандово сѐ уште не земале октомвриска плата

t

Вработените во Комунален сервис Валандово земаат задоцнети плати и се жалат дека биле оставени без плата за празниците.

– Останавме без плата за празниците, а сѐ уште немаме земено ни октомвриска плата, велат вработени во претпријатието за Инфомакс, а истите разбирливо побараа да останат анонимни.

Зошто платите доцнат и во каква состојба е Комунален сервис Валандово одговори побаравме од в.д директорот Глигорије Џилвиџиев кој истакна дека вработените секој месец земаат плата, меѓутоа за неколку месеци нназад.

– Доцниме со плата, секоја плата е задоцнета по неколку дена и се создало момент кога сега во декември имаат земено плата за септември. Претходните пролонгирања прават проблеми, вработените секој месец земаат плата но за неколку месеци наназад, вели в.д директорот кој додаде ека откако е назначен на позицијата се труди да ја намали разликата, секој месец да има плата, но и да се подмират останатите трошоци на претпријатието.

– Имаме и останати трошоци, мораме да ги сервисираме граѓаните, а од друга страна не можеме да ги покачиме сметките за да не биде тоа дополнителен терет за граѓаните. Општината исто така ни помогна, минатата година добивме три милиони денари од Општина Валандово но и тие пари се распределени дел за плати, дел за останати тековни трошоци, вели директорот кој додава дека сметката на претпријатието не е блокирана поради добро менаџирање на средствата.

Комунален сервис Валандово, како што кажа и в.д директорот моментално има 40 редовно вработени и во зависност од потребите има и договори за дело. Лицата кои претходно биле ангажирани преку агенција за привремени вработувања потоа биле редовно вработени во претпријатието за да не се издвојуваат дополнителни средства за Агенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетник прегази малолетник со мотор во Валандово:…

Вчера околу 13.30 часот во Полициската станица…

Денеска протест на вработените во Македонски Пошти

Вработените на АД Пошта денеска во сите…

Починат маж пронајден во Валандово

На 17.05.2024 во 18.30 часот во Полициската…

Во ЕУ 7,1 отсто од вработените работат…

Во Европската унија во 2023 година, 7,1…

(Видео) Скандал со непотизам во Охрид: Вработени…

Објавуваме  скандал со непотизам во општина Охрид,…