Загина 68-годишен пешак кај Валандово
На местото викано „Страиште“ кај Валандово вчера околу 17:30 часот загина шеесет и осумгодишниот А.Т. од валандовското село Казандоло откако во него удрило товарно возило.
Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.
„Товарно возило „ивеко“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(47) од село Удово, валандовско, удрило во пешакот А.Т.(68) од село Казандол, валандовско. Од здобиените повреди на местото починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Валандово“, информираат од СВР Струмица.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и екипа на ОВР Валандово.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: „Прво Гостивар, сега Валандово – кој…
СДСМ преку соопштение оцени дека случаите со…
ЗГОЛЕМЕНО НИВО НА АРСЕН ВО ВОДАТА ВО…
ЈП „Комунален сервис“ – Валандово ја известува…
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…