Вработените во Комунален сервис Валандово сѐ уште не земале октомвриска плата

t

Вработените во Комунален сервис Валандово земаат задоцнети плати и се жалат дека биле оставени без плата за празниците.

– Останавме без плата за празниците, а сѐ уште немаме земено ни октомвриска плата, велат вработени во претпријатието за Инфомакс, а истите разбирливо побараа да останат анонимни.

Зошто платите доцнат и во каква состојба е Комунален сервис Валандово одговори побаравме од в.д директорот Глигорије Џилвиџиев кој истакна дека вработените секој месец земаат плата, меѓутоа за неколку месеци нназад.

– Доцниме со плата, секоја плата е задоцнета по неколку дена и се создало момент кога сега во декември имаат земено плата за септември. Претходните пролонгирања прават проблеми, вработените секој месец земаат плата но за неколку месеци наназад, вели в.д директорот кој додаде ека откако е назначен на позицијата се труди да ја намали разликата, секој месец да има плата, но и да се подмират останатите трошоци на претпријатието.

– Имаме и останати трошоци, мораме да ги сервисираме граѓаните, а од друга страна не можеме да ги покачиме сметките за да не биде тоа дополнителен терет за граѓаните. Општината исто така ни помогна, минатата година добивме три милиони денари од Општина Валандово но и тие пари се распределени дел за плати, дел за останати тековни трошоци, вели директорот кој додава дека сметката на претпријатието не е блокирана поради добро менаџирање на средствата.

Комунален сервис Валандово, како што кажа и в.д директорот моментално има 40 редовно вработени и во зависност од потребите има и договори за дело. Лицата кои претходно биле ангажирани преку агенција за привремени вработувања потоа биле редовно вработени во претпријатието за да не се издвојуваат дополнителни средства за Агенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вработени во ЕВН со хебла кршат…

До редакцијата на Инфомакс пристигна видео од…

СДСМ: „Прво Гостивар, сега Валандово – кој…

СДСМ преку соопштение оцени дека случаите со…

ЗГОЛЕМЕНО НИВО НА АРСЕН ВО ВОДАТА ВО…

ЈП „Комунален сервис“ – Валандово ја известува…

Само плата веќе не привлекува вработени –…

Во Словенија, некои работодавци сега се враќаат…

(Фото) УШТЕ ЕДЕН ТОН МАРИХУАНА ЗАПЛЕНЕТ ВО…

Уште еден тон дрога денес е запленет…