Вработените во „Паркови и зеленило“ преку протести бараат плата и К-15, протест ќе има и утре
Денеска, се одржа собир на крстосницата пред ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, каде персоналот бара надоместок на септемвриската плата, надоместок на К-15, јубилеен надоместок, новогодишен додаток, надомест за работници со преостанато работно време и надоместок за помош за починат член во семејството.
Демонстрации, според Независниот синдикат на „Паркови и зеленило“ – Скопје, ќе има и утре, од 10 до 12 часот, на крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Никола Тесла“.
„Се продолжува рокот на штрајкот во мирување заради запазување на сите законски процедури, кои предвидуваат регуларен штрајк. Пробуваме да ги исцрпиме сите законски демократски средства, да успееме да се договориме мирно“, изјави Атанас Георгиевски, претседател на Независен синдикат на „Паркови и зеленило“ – Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Град Скопје не успеа да го…
Екипите на Град Скопје не успеаја во…
Културните работници на протест: „Љутков, колегите ќе…
Синдикатот на културата повторно организираше протест, овојпат…
СОНК демантира: Нема да се вклучиме на…
По денешната објава, превземена од социјалните мрежи,…
ССМ повикува на масовен протест на 1…
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) упати…
Кривични за демонстрантите кои сакаа да возат…
Битолската полиција поднесе кривична пријава против четири…