Вработените во УЈП на предупредувачки протест
Вработените во Управата за јавни приходи (УЈП) и во регионалните канцеларии на УЈП денеска излегоаа на предупредувачки протест од 10:00 до 11:30 часот.
Поводот и причините за да се организираат вработените во синдикално здружување доаѓа како резултат на измените на Законот за работни односи направени во 2012 година. Тогаш беше нарушено нивото на синдикалните организации и сведоци сме за актуелните состојби во синдикалните организации каде што констатираме нарушување на силата на синдикатот. Како синдикална организација Солидарност се грижиме за правата на вработените во УЈП, а согласно Статутот на Синдикатот Солидарност колку што е можно, според закон, е вратена автономијата на работење на синдикалните организации. Во УЈП има неколку синдикални организации, а единствена синдикална организација на ниво на работодавач е организацијата Солидарност, која ја претставувам. Ова го изјави Васе Неданоски, претседател на синдикалната организација во УЈП Солидарност во емисијата Утрински печат на Слободна ТВ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УЈП во Охрид: Сите што издаваат сместување…
Во рамки на активностите за поголема даночна…
УЈП со рекордна наплата на даноци и…
Во првите шест месеци од 2026 година…
УЈП ја почнува третата фаза од проектот…
Почнува третата фаза од проектот за е-фактура…
(Видео) Град Скопје не успеа да го…
Екипите на Град Скопје не успеаја во…
Културните работници на протест: „Љутков, колегите ќе…
Синдикатот на културата повторно организираше протест, овојпат…