ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР СТАПУВААТ ВО ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК

t

Синдикалците ги прават последните координации за најавениот штрајк во јавниот сектор. Информациите до кои дојде Алсат се дека комуналните и јавните претпријатија како и институциите на 22 јуни – во среда ќе работат со ангажирање на само мал процент од вработените. Тоа значи дека и услугите за граѓаните ќе бидат извршувани со мал обем. Според Законот за комунални дејствија во време на штрајк работата на овие компании не смее да застане во целост. Сметот ќе се собира со 10 отсто од капацитетите на комуналните претпријатија, а исто, толкав е и процентот на вработени заедно со механизацијата кои ќе работат на санација на дефекти.

Од ССМ за Алсат велат дека со минимаум капацитети од среда ќе функционира целиот јавен сектор.

„Бараме склучување на Општ колективен договор за јавен сектор со утврдено зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2806 денари во нето износ согласно зголемувањето на минималната плата, и утврдено право на регрес за годишен одмор во висина од 30% до 100% од основицата.“, соопштија од ССМ.

Од Владата за Алсат велат дека формирале посебно тело кое треба да ги предомисли синдикалците, и да го откажат штрајкот.

„Владата на Република Северна Македонија донесе одлука, при што e формирано тело за помирување. Во Одборoт за помирување од страна на работодавачи членови се заменик-претседателот на Влада задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, при што напоменуваме дека дијалогот никогаш не беше прекинат, а продолжуваат и разговорите со гранковите синдикати“, реагираат од Влада.

Синдикалците веќе испратија и амандман за ребалансот на буџетот со кој бараат да се предвидат пари за повисоки плати во јавниот сектор. Од ССМ алармираат дека доколку повторно бидат изиграни од политичарите, државниот апарат ќе биде парализиран.

Извор: Алсат.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тасевски: Контрола на летање ќе штрајкува на…

Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ денеска…

Обвинителствата: Услови како да се вработуваат во…

Несериозниот пристап кон проблемот со платите на…

Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…

Контролорите на летање ќе штрајкуваат поради партиски…

Премногу работеле? Вработените во обвинителствата на штрајк

Вработените во обвинителствата бараат повисоки плати и…

Работниците во автомобилската индустрија на САД заедно…

Работниците во автомобилската индустрија на САД на…