Вработен во МВР присвојувал пари од граѓани за пасоши, наместо на сметка завршиле кај него во џеб
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против М.С. на работно место советник за управни работи за Штип во Одделението за управни работи Штип при Одделот за граѓански работи, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „проневера во служба“ по член 354 став 1 од Кривичниот законик.
Пријавениот М.С. во период од 01.01.2025 до 30.06.2025 присвоил пари доверени во службата, така што во повеќе наврати од граѓаните-баратели на услуги за издавање на патна исправа, искористувајќи го нивното непознавање на законските прописи во МВР, барал од истите да му дадат пари на рака при поднесување на барање за патна исправа, под изговор дека можноста за плаќање на пост терминалот со платежна картица во моментот не е во функција и дека е потребно да платат пари во кеш.
Граѓаните на рака му давале пари во износ колку што чини услугата, а дадените пари подоцна пријавениот требало да ги уплати на жиро сметка на МВР, како и да изврши уплата за административна такса на жиро сметка на Буџетот на РСМ, но пријавениот иако ја завршил постапката и на граѓаните им издал лични документи-пасоши, во наведениот период не ги уплаќал доверените пари, туку си ги присвоил за себе.
Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди против М.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Деко излегува од притвор во сабота
Во сабота, Дејан Јованов Деко, првообвинет за…
12-годишен Македонец кој ги освојува светските сцени:…
Во време кога вниманието на јавноста често…
BMW инвестира 2 милијарди евра во Германија,…
Акциите на германскиот автомобилски гигант BMW во…
Нетанјаху: Уапсен е пилотот кој извршил напад…
Пилотот осомничен дека извршил напад со нож…
Утре ќе нема струја до 14:30 часот…
Од Електродистрибуција информираат дека утре, четврток (1…