Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот „Државна лотарија“
Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, за МИА потврди дека има лице од институцијата поврзано со случајот „Државна лотарија“ кое треба да биде спроведено во обвинителство.
На прашање дали има сознанија во врска со изјавата на министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочовска, која на денешната собраниска седница кажа дека поради злоупотреба на буџет е уапсено лице од Управата за финансиска полиција, Ивановски одговори потврдно.
-Да, точно е, има лице од Финансиската полиција поврзано со случајот „Државна лотарија“. Да почекаме да го однесат во обвинителство па ќе споделиме повеќе информации, рече директорот.
МИА се обрати и до Минстерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, од каде посочиле дека ќе ги проверат наводите и потоа ќе информираат.
Помеѓу осомничените во случајот со Државна лотарија се и поранешниот вицепремиер, Артан Груби и ексдиректорот на Лотарија, Перпарим Бајрами, кои се во бегство.
За двајца од осомничените во случајот постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Проневера во службата, а за уште четири лица е поведена постапка за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѕвончето на Детската клиника уште еднаш заѕвони:…
Ѕвончето на Клиниката за детски болести уште…
Пекинг му одговори на Вашингтон: Не прифаќаме…
Кина остро реагираше на новите американски мерки…
Тачи: Го повикувам народот да остане мирен…
Поранешниопт претседател на Косово, Хашим Тачи, преку…
Австралија не разговара со ЕУ за придружно…
Австралиската влада реагираше за Euronews на најавата…
Пронајден и приведен бегалец од затворот „Идризово“
Денеска (18.09.2026) во 09:15 часот, полициски службеници…