Вработен во школо силувал осмоодделенка, ја уценувал со видеа ако не се сретнат пак
Вработен во основно училиште силувал девојче на возраст од 14 години, уценувајќи го со експлицитни видеа и слики. Основното јавно обвинителство во Скопје, предложи притвор за 28 годишниот кој се сомничи за две тешки кривични дела и тоа силување на дете кое не наполнило 15 години и делото злоупотреба на туѓа снимка, фотографија.
„Го навел девојчето на возраст од 14 години да му прати свои фотографии и видеа со сексуално експлицитна содржина, а потоа ја уценувал дека ќе ги објави ако не излезе со него. Детето-жртва прифатило да се сретнат, по што осомничениот го однел во куќа во гостиварско каде извршил обљуба, кривично дело за кое е предвидена затворска казна од најмалку 8 години, соопштува ОЈО Скопје.
Но хоророт не завршил, месецов повторно се обидел да ја уцени за да се сретнат, но девојчето одбило по што тој ги објавил , на една социјална мрежа, експлицитните фотографии и видеа кои ги поседувал.
„Со ова ги направил достапни и на други лица, со што го исполнил битието и на второто кривично дело кое беше воведено во февруари годинава и за кое е предвидена затворска казна од 3 до 10 години, велат од ЈО.
Ден претходно, во саботата Обвинителството објави уште еден случај на напад врз дете овој месец. Маж на 58 години силувал девојче од 13. Осомничениот освен што го сторил грозоморниот чин, исто така го фотографирал детето. Судот го стави во притвор.
„ОЈО Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против скопјанец поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, казниво по член 188 став 1 од Кривичниот законик,
Неодамна, меѓународна истрага за онлајн педофилија откри случај и во Македонија, откако по дојава од Австралија бил идентификуван осомничен во Битола кај кого биле пронајдени материјали со детска порнографија. 31 годишниот маж кој споделувал на интернет мрежите бил вработен во училиште.
Весникот Вечер веќе пишуваше за поразителните податоци од лани кои велат дека на секои три дена насилниците напаѓале дете.
– Во текот на целата 2025 година, во земјава имало 121 случај на кривични дела против половата слобода и половиот морал. Од тоа, полов напад и силување – 26 кривични дела, силување дете што не наполнило 15 години – 45 кривични дела, обљуба со злоупотреба на положбата – 3 дела, задоволување полови страсти пред дете – 6 дела, полово вознемирување – 34 дела и производство и дистрибуција на детската порнографија – 7 кривични дела – информираа од МВР за нашата редакција. Таквите најразлични кривични дела што се случиле лани, биле извршени врз вкупно 96 деца, стари до 17 години, кои биле жртви на најразлично сексуално насилство. Најголем дел од жртвите биле девојчиња – 88, додека 8 биле машки деца. Од нив, 47 биле на возраст од 0 до 13 години, а 41 од 14 до 17 години. При ова, најчесто кривично дело било силување дете што не наполнило 15 години и такви жртви биле 48 деца. Има и 8 жртви на полови напади и силување, но и 27 жртви на полово вознемирување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вработен во школо силувал осмоодделенка, ја уценувал…
Вработен во основно училиште силувал девојче на…
Светски лидери со осуда за инцидентот во…
Каја Калас, високата претставничка на Европската Унија…
(Видео) Снимка која стана ХИТ на социјалните…
Човек е снимен за време на преносот…
СДСМ пак се скара со својот градоначалник:…
Видовме дека зад секој поголем бизнис стои…
(Видео) Драма по пукањето: Вдовицата на Чарли…
Меѓу гостите кои синоќа преживеаја драматични сцени…