Вратена концесијата за „Иловица“
Вишиот управен суд ja поништи одлуката на Владата за престанок на важењето на одлуката за спојување на концесијата за експлоатација на минерална суровина на локалитетот Иловица, Општина Босилово, со концесијата за експлоатација на минерална суровина на локалитетот Иловица, Општина Босилово и Општина Ново Село. Од Владата информираа дека станува збор за конечна одлука, која Владата е должна да ја почитува.
– Ова прашање не е резултат на одлуки донесени од актуелната Влада, туку претставува наследена правна состојба што произлегува од одлуките за спојување на концесиите донесени во јуни 2023 година, како и од последователните одлуки за нивни престанок донесени само еден месец подоцна, во јули 2023 година, по што е поведена судска постапка пред надлежните судови. Сегашната состојба е резултат на завршување на таа постапка со конечна пресуда на Вишиот управен суд – информираа од Владата.
Од Владата нагласуваат дека се свесни дека кај дел од граѓаните, локалното население и граѓанските организации постојат оправдани прашања и загриженост поврзани со овој проект.
– Токму затоа Владата ќе продолжи целосно транспарентно да ги разгледува сите релевантни факти, стручни мислења и аргументи, во рамките на законските процедури и институционалните надлежности. Наш приоритет остануваат создавањето услови за економски раст, новите инвестиции и отворањето работни места, но тоа никогаш нема да биде на сметка на здравјето на граѓаните, природните ресурси и животната средина. Заштитата на јавниот интерес, почитувањето на највисоките еколошки стандарди и целосната законитост на постапките остануваат принципи од кои Владата нема да отстапи. Секое понатамошно постапување во однос на овој предмет ќе се одвива исклучиво врз основа на стручни анализи, законски процедури и институционален надзор, со целосна информираност на јавноста. Владата ќе продолжи одговорно, транспарентно и во согласност со законите да носи одлуки што ги штитат интересите на граѓаните, обезбедуваат правна сигурност и создаваат услови за одржлив развој на државата – потенцираат од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНР: Неточна информација е дека има оштетување…
Во врска со информациите објавени во дел…
Партијата на Бошњаците поднесе кривична пријава против…
За објавениот пост, Бошњачкиот демократски сојуз денеска…
Приведен 15-годишник во Студеничани, управувал „голф“ без…
Петнаесетгодишник од скопското село Студеничани е лишен…
Иранскиот претседател му се заблагодари на Путин…
Рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател…
Клековски: Опфатот со вакцината против морбили е…
Министерот за здравство Сашо Клековски апелираше до…