Вратите на општина Врапчиште заклучени – поранешниот градоначалник: Јас ги затворив, вчера ми истече мандатот, клучот е кај премиерот
Вратите на Општина Врапчиште денеска останаа заклучени, а вработените кои утрово пристигнаа на своите работни места не можеа да влезат на работа. Тие немале никаква информација што се случува.
Некои од нив, преку телефон, изјавиле дека вратите ги затворил поранешниот градоначалник на општината, Исен Шабани.
Тој самиот го призна тоа, велејќи дека неговиот мандат завршил вчера (9 ноември) и дека од денес тој е „слободен граѓанин“.
„Мене вчера, на 9 ноември, ми заврши мандатот. Денес е 10 ноември и за тоа треба да ја прашате Владата или довереникот на Владата. Тој од денес требаше да биде на функцијата, и секако одговорноста е на Владата и на довереникот на Владата зошто вратата е затворена. Мојот мандат заврши вчера и денес сум слободен граѓанин.“, вели Исен Шабани поранешен градоначалник на општина Врапчиште.
Шабани изјави дека нема намера тој да ги отвори вратите. На прашањето дали … ќе ги предаде клучевите на лицето назначено од Владата (повереникот), тој даде остар одговор:
„Нека оди кај премиерот, тој ќе му го даде клучот. Ова ќе остане така, бидејќи јас не предавам мандат. Да ги имав изгубено изборите, ќе го чекав во мојата канцеларија и според нормите ќе го предадев мандатот. Но, во оваа ситуација и со овие турбуленции или валкани игри што се обидуваат да ги направат партнерите ВЛЕН и ВМРО, добро осмислени и оркестрирани, ќе се соочиме – ние сме тука во секое време.“, додаде Шабани.
Инаку, во Општина Врапчиште првиот круг од локалните избори пропадна бидејќи не беше постигнат потребниот цензус за излезност.
Поради ова, изборите се очекува да се повторат за 60 дена. Во меѓувреме, општината треба да ја раководи довереник назначен од Владата, што се очекува да се случи во текот на следната недела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гранати од Првата светска војна пронајдени при…
Две артилериски гранати заостанати од Првата светска…
Жена натепала скопјанец откако се скарале за…
Скопјанец вчера нападнат од жена откако настанало…
Штипјанка измамена за речиси 5.000 евра од…
42- годишна жена од Штип вчера пријавила…
За одредени пациенти имало и до осум…
Во лекувањето на одредени пациенти учествувале од…
Германска банка под истрага поради финансирање на…
Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е…