Врање остана без МАСЛО И ШЕЌЕР, разграбано од жителите и гостите од Македонија и Косово
Во текот на денот, во повеќето продавници и хипермаркети, жителите на Врање, но и жителите на С. Македонија и на Косовско поморавје, не можеа да купат масло за јадење и шеќер, чии количини беа разграбани во раните утрински часови.
Во Макрет „Леон“ во центарот на Врање на новинарот Данас му е потврдено дека веќе десет дена немаат шеќер во продажба, а слична е состојбата и на другите маркети.
Сите количини масло за јадење се распродадени во раните утрински часови, а како што најавуваат трговците нови количини се очекуваат дури од понеделник.
Маслото за јадење за литар се продаваше по цена од 119 до 120 динари во зависност од производителот, додека шеќерот можеше да се купи по цена од 90 динари за килограм.
Во некои продавници се регистрирани случаи на ограничена продажба, пред се масло за јадење, чија набавка била „ограничена на два литра по купувач“, додека шеќерот воопшто не се продавал.
Зголемувањето на побарувачката за масло за јадење и шеќер во Врање е поврзано и со вообичаената викенд посета на купувачи од соседните градови Куманово и Скопје од Македонија, како и купувачи од Косовска Каменица, Ново Брдо, Гњилане и Ропотово.
Извор: Данас
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва тврди дека погодила трговски брод во…
Руските вооружени сили попладнево продолжија со координирани…
Силно невреме во Италија, жена загина во…
Невремето што од вчера ја погодува Италија…
Врнежи, ветер и заладување за време на…
Под влијание на циклонска активност за време…
Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат
Поранешниот министер за одбрана Трајан Гоцевски изнесе…
(Видео) Четворица мажи избодени среде Лондон, полицијата…
Четворица мажи биле избодени денеска попладне во…
