Враќање на културата во живот: Премиера на швајцарската драма “Сигурност” во Охрид

t

Швајцарската драма „Сигурност“, во режија на Кармен Штадлер, денеска и утре од 19 часот се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Филмот имаше премиера на „Блек најтс филм фестивал“ (Black Nights Film Festival) во Талин во 2019 година. Станува збор за разиграно, меланхолично ноктурно, кое е истовремено секојдневна приказна и бајка.

Канцелариската зграда, која набргу ќе биде урната, има последна желба: да ѝ се случи љубовна приказна. Во таа приказна се вклучуваат најчудните ликови – осамениците на ноќната смена: мистериозната чуварка, која е воздржана и неспокојна поради нејзината работа, осамениот хигиеничар, Арап што слуша радиовести од родниот град, збунетиот секретар кој копнее по семејство, откачениот готвач кој експериментира на својот последен рецепт и шефот што го вежба својот завршен говор пред празни столчиња.

Сите тие изгубиле нешто што се надеваат дека повторно ќе го најдат во текот на ноќта. Шест ноќи се среќаваат и набљудуваат, се избегнуваат и се привлекуваат како магнети. А кога нештата ќе стивнат, зградата предизвикува прекин на струјата. Поетски и ексцентричен калеидоскоп во кој се рефлектираат копнежот, сигурноста и милозвучните звуци што се движат низ целата зграда.

Дистрибутер на филмот е „КТ филм и медија“ од Битола, а дистрибуцијата е поддржана од Swiss Films.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…

Уредувањето и користењето на охридските плажи на…

Приведен 28-годишен државјанин на Словенија – ја…

Полициски службеници од СВР Охрид на 26…

Охридскиот регион го задржа статусот на заштитено…

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи…

Охрид на чекор да биде прогласен за…

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО препорача…

Дрон со термална камера за првпат бараше…

Планинската спасителна служба од Охрид синоќа со…