Објавено на:

Врвен научник кој ја кpeираше вakцината на АстраЗенека: Не може планетава да ја вakцинираме на секои шест месеци

t

Врвен вакцинален научник кој учествувал во создавањето на вакцината АстраЗенека порачува дека неколкукратно вакцинирање секоја година не може ни да се изведе, ни да биде одржливо. Наместо топтан, сосе деца, треба да се штитат ранливите групи. А и за тие се потребни дополнителни информации.

Се работи за професор Ендрју Полард, директор на Оксфордската вакцинална група и лидер на Британскиот комитет за вакцинација.

„Не може два пати годишно да ја вакцинираме целата планета. Тоа ниту можеме да си го дозволиме ниту можеме да го изведеме,“ вели тој за актуелната манија по бустер дози.

Според него, фокусот треба да се стави на заштита на ранливите групи, а не на општата популација, вклучувајќи и деца од 12 години.

„И за ранливите категории потребни ни се дополнителни информации дали, кога и колку пати треба да бидат имунизирани,“ вели Полард.

Британија во моментов испорачува трета доза вакцини за сите над 18 години (за ризични случаи над 16) а Полард апелира пред евентуалната четврта рунда (она што во моментов го прави Израел), да се се почека на дополнителна евиденција.

Полард потсети на она на што се жалеше и првиот човек на Ковакс, нерамномерноста во пристапот кон вакцини, бидејќи во сиромашните земји помалку од 10% имаат примено прва доза.

Во ситуација кога богатите форсираат бустер дози а 3,5 милијарди луѓе воопшто не се вакцинирани, на вирусот му се остава широк слободен простор да се навежба и да создаде посмртоносни варијанти од оние кои досега ги знаеме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американската држава Тексас го тужи Фајзер поради…

Фармацевтскиот гигант ја измами јавноста за ефикасноста…

МЗ: Над 50 илјади граѓани примиле вакцина…

Министерството за здравство информира дека над 50…

Ди Цајт: Победа на Русија ќе значи…

Русија не треба да ја добие војната…

Путин: Земјите од “златната милијарда” го експлоатираат…

Современите кредитни односи се организирани на тој…

Интересни статистики – КИНА ИМА ДВА МИЛОНИ!…

Твитер профилот "World of statistics" објави податоци…