Вреди: Албанскиот јазик е и ќе остане составен дел од институционалниот живот во нашата земја

t

Денеска не се случи ништо, а и никогаш нема да дозволиме деградација на албанскиот јазик, изјави Ријад Шаќири, пратеник од „Влен“, во однос на денешната седница на Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците.

Тој нагласи дека албанскиот јазик е и ќе остане составен дел од институционалниот живот во нашата земја, а коалицијата „Влен“ ќе продолжи посветено да работи на заштита и гаранција на ова право кое е неприкосновено.

– Денеска триумфираше улогата на „Влен“ како дел од оваа Влада. Кога рековме дека албанскиот јазик нема да се допре, така и се случи. Денеска од овде порачуваме – албанскиот јазик ќе се унапреди уште повеќе, уште подобро и така ќе биде. Со зборови, но со конкретни дела ве потсетуваме дека заштитниот столб на Албанците во Северна Македонија е коалицијата „Влен“. Ние сме цврсто поставени на заштита и унапредување на правата на Албанците. Затоа имаме целосен капацитет и политички кредибилитет. Јасно и гласно кажавме Албанците можат да бидат спокојни бидејќи нема да дозволиме неколку луѓе кои крадеа и манипулираат да ја уништат иднината на еден цел народ. Секој обид за манипулација и криминал ќе заврши таму каде што му е местото, односно пред правдата, рече Шаќири.

Потенцира дека функционерите на ДУИ не се борат за албанскиот јазик, туку како што рече, да ги кријат криминалните дела што ги направиле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Кој ја води ДУИ, Али, Бујар…

Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…

ВЛЕН: Орхан Муртезани ја презема амбасадорската должност…

Назначувањето на Орхан Муртезани за амбасадор и…

ВЛЕН: ДУИ САМА ПРИЗНАВА ДЕКА ФУНКЦИОНИРА КАКО…

Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…

ВЛЕН: 25 години по Рамковниот договор од…

Соопштение на ВЛЕН Во рамки на одбележувањето…

ВЛЕН: Лицемерието на ДУИ, две години молчеа…

ДУИ две години молчеше, а денес, кога…