ВРЕДИ: Ахмети игра двојна игра, преку Артан му ја мести ногата на Бујар

t

Вечниот Ахмети повторно ја игра старата двојна игра. Од една страна, демек го спасува Артан од притвор, а од друга страна преку Артан му ја мести ногата на Бујар, се наведува во соопштението на ВРЕДИ.

-Веќе подолго време се шушка дека Бујар Османи зад затворени врати порачува оти Али треба да се повлече за ДУИ повторно да стане конкурентна опозиција. А Бујар, се разбира, чека во низок старт за да јуриша кон фотелјата во Мала Речица. Затоа воопшто не е случајно што Ахмети повторно ја пушти старата финта со повлекувањето. Демек, тој сака да си оди, ама луѓето околу него не го пуштаат. Интригантот Ахмети се обидува да го засили судирот меѓу Артан и Бујар, вешто посочувајќи го Османи како виновник за односот на ДУИ кон обвинението за „Државна лотарија“, велат тие.

Според ВРЕДИ, едноставно, во ДУИ врие.

-Артан преку своите лојални поддржувачи веќе испраќа јавни пораки. Очигледно му станува јасно дека „неговите“ го оставиле на цедило. Довчера му велеа „шеф“, „брат“ и „кинг“, а денес сите кренаа рачна и се прават дека не го познаваат. Сега топката е кај Артан. Од тоа што тој, како „црната кутија“ на ДУИ, ќе го каже пред правосудните органи, може да зависи судбината на целото нереформирано раководство на партијата. Затоа во Мала Речица не се спие мирно. Едни се плашат што знае Артан, други што може да каже, а трети веќе пресметуваат кого ќе повлече со себе. ДУИ одамна не функционира само како политбиро, туку како политичка банда чиј главен интерес се тендерите и спасувањето на сопствената кожа. Правата на Албанците се само „совршено алиби“ за ова нереформирано раководство на ДУИ, чија единствена цел е да го заштити богатството стекнато со корупција и апашлак, велат од ВРЕДИ преку партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВРЕДИ: Ахмети игра двојна игра, преку Артан…

Вечниот Ахмети повторно ја игра старата двојна…

Од воената зона во Киев до Софија:…

Крум Ефремов, кариерен дипломат, доктор на економски…

Милиони евра завршиле кај него во џеб…

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.…

Се гради паркингот за пратеници и собраниски…

Во безбедносната зона околу Собранието се гради…

Војните и топлотните бранови ги кренаа цените…

Цените на лебот, тестенините и другите житни…