ВРЕДИ се правда: Именувањето на Афрона Вервизоли како ревизорка на ИПА фондовите го повлековме уште пред неколку дена
Ја информираме јавноста дека коалицијата ВЛЕН уште пред неколку дена го повлече именувањето на Афрона Вервизоли како ревизорка на ИПА фондовите. Иако Вервизоли има одлично CV и значително професионално искуство, донесовме одлука таа да биде привремено заменета со друг кадар од нашите редови. Оваа одлука е направена со цел да се осигура дека сите строги стандарди и барања на Европската Унија ќе бидат целосно исполнети, додека Афрона го заврши својот обврска со добивање на сертификатот, велат во партиското соопштение од ВРЕДИ.
Дополнително, сметаме дека е од клучна важност да се посвети внимание на истражување и откривање на злоупотребите на средствата од ЕУ кои се случувале во минатото. Овие злоупотреби не само што се оставиле траги во документацијата, туку и предизвикале Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) да побара враќање на неколку милиони евра од страна на државата.
Коалицијата ВЛЕН останува посветена на принципите на транспарентност, одговорност и отчетност во управувањето со јавните и европските фондови. Ќе продолжиме да дејствуваме во најдобар интерес на граѓаните, со цел да обезбедиме правилно искористување на ресурсите и да се спречат понатамошни злоупотреби, се вели во соопштенеито на оваа Коалиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожар во стан кај Клинички центар –…
МВР информира дека вчера попладне во 16:20…
Шест лица повредени, четворица од нив се…
На 03.10.2026 во 22:10 часот, во ОВР…
Ѓорѓиевски бара постапување: Кобилата и ждребето се…
Утрово нѐ затекна веста за кобила која…
Арагчи: На секоја нова воена акција Иран…
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…
Сајбернапади врз јужнокорејски банки: претседателот нареди сеопфатна…
Јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг нареди темелна истрага…