ВРЕДИ: Црната кутија Артан Груби го држи ДУИ во заложништво
ДУИ е партија заробена во своето минато. ДУИ повеќе не личи на политичка партија. ДУИ денес е затворен круг на луѓе заробени во страв, уцени и паника, во кој црната кутија Артан Груби ги држи сите во заложништво, се вели во соопштението од ВРЕДИ, што го објавуваме интегрално.
„Оваа партија формално зборува за единство, но реално ја раководи Артан Груби во име на Али Ахмети.
Груби не е само поранешен функционер. Тој е човекот кој ги знае тајните, договорите, тендерите, злоупотребите и валканите врски на оваа партија. Затоа денес многу функционери на ДУИ се во паничен страв од едно прашање
Што може да прозбори Артан Груби?
Нивното „единство“ не е единство. Тоа е молк од страв. Тоа е сојуз на луѓе кои се држат едни со други не од идеја, туку од компромитирачки досиеја.
Со правосудство кое сè повеќе се ослободува од влијанието на ДУИ, секој ден гледаме истраги, апсења, коруптивни скандали и злоупотреби на службена положба во вредност од стотици илјади и милиони евра.
Ова е распаѓање на еден систем.
Империјата што ја градеа со години врз страв, пари и уцени денес им се распаѓа пред очи. Кулата од карти паѓа, а кога ќе се отвори црната кутија Артан Груби, многумина во ДУИ нема да бараат политички излез, туку спас за себе.
Албанците повеќе нема да бидат заложници на оваа деструктивна структура. ВЛЕН избира друг пат. Пат на чесни луѓе и одговорност. И затоа разликата е јасна. Тие се бранат од вистината, ние ја бараме“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белгиската полицијата ќе врши претреси во домовите…
Парламентот на Белгија изгласа контроверзен закон, со…
„Путин нè тестира и нè приближува до…
Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…
Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…
Полска ги предупреди европските сојузници дека во…
ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…
Голем банкарски системски прекин во Јапонија: 128…
Голем системски дефект денеска го парализираше работењето…