„Вреди“: Ќе се спојат АНБ и АР, наш ќе биде предлогот за заменик-директор во интегрираната разузнавачка служба

t

Коалицијата “Вреди“ има заменик директор во Агенција за национална безбедност и тоа е институција која според програмата на Владата се предвидува да се спои со Агенција за разузнавање, велат од оваа владејачка коалиција по обвинувањата од ДУИ дека е скандалозно што нема назначување на албански кадар во Агенцијата за разузунавање. Од „Вреди“ додаваат и дека лицемерно е опозициската ДУИ да обвинува за недоволна застапеност на Албанците во безбедносните служби.

„Еве ги фактите. Талат Џафери, министер за одбрана, нула Албанци застапени во армиската единица “Волци”. Талат Џафери – технички премиер, армиски старешина Албанец претепан зошто реагирал за селективниот конкурс во ’Волците’. ДУИ, преку Бујар Османи во 2019 бараше од тогашниот претседател Стево Пендаровски да ја преиспита одлуката за именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенција за разузнување. Затоа, овој плач на ДУИ не е за застапеноста на Албанците во институциите, туку затоа што Груби, Бујар, Крешник и компанија ги изгубија привилегиите“,

порачаа од „Вреди“.
Вчера претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова го разреши директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, како и неговата заменичка Александара Бакреска-Додовска, а ја назначи Габриела Јаковлева за директорка и Ивана Стојановска за заменик-директорка на институцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…

Моторџија од Србија е тешко повреден во…

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…

Дете од Дебар е тешко повредено во…

Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…

Се гради најголемата пловна населба во Европа!

Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…