Објавено на:

Временска прогноза на каква не се надевавме: Прво пролет, па целосен пресврт

t

Вистинска пролет, а потоа пресврт и заладување – ова е резимето на прогнозата на српскиот метеоролог Марко Чубрило за деновите што следат. Прашање е само дали заладувањето ќе стигне до новогодишните празници и дали најлудата ноќ ќе ја пречекаме со снегулки.

Променливо облачно и претежно суво во регионот. Дневниот максимум ќе биде од околу +4 на север и исток до околу +14 на запад од регионот“.

Од недела, а особено од понеделник ќе биде малку до умерено облачно, претежно суво и релативно топло време во целиот регион.

„Во понеделник максимумот на некои места би можел да достигне околу +18 степени Целзиусови“, вели Чубрило.

До околу 31 декември ќе се задржи релативно топло, но не толку како во понеделник, така што максималните би се движеле од +6 до +14, а минималните од -1 до +5 Целзиусови степени.

„Промената на временската прогноза е видлива околу 31.12, но во овој момент нема јасен сигнал со која брзина би се одвивала и како точно би се манифестирала“, вели Чубрило.

Тој вели и дека пресметките покажуваат дека по 1 јануари 2024 година се очекува враќање на зимата временска состојба.

„Следната недела ќе следи вистинска пролет и за никакво заладување не станува збор барем до 31.12“, заклучува Чубрило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инфлацијата во еврозоната достигна 4%, енергијата поскапе…

Инфлацијата во еврозоната во октомври достигнала 4%…

Напредок во Реформската агенда, уставните измени остануваат…

Европската комисија денеска го усвои Пакетот за…

Извештај припишан на Си-би-ес: Трамп размислува за…

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за смена…

Хакерски напад врз француската „Креди Мутуел Аркеа“,…

Француската банкарска група „Креди Мутуел Аркеа“ потврди…

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната…