Објавено на:

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево со мала локална облачност

t

Во Македонија денеска времето ќе биде сончево со мала локална облачност поголема во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени, а максималната ќе достигне 25 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Денеска и утре наутро ќе биде свежо со услови за појава на слаба магла. Преку денот ќе биде претежно сончево.

Во среда ќе преовладува облачно проследена со слаб до умерен дожд. Потоа до крајот на работната недела температурите ќе бидат пониски за 2 до 5 степени во однос на почетокот на неделата. За време на викендот се очекуваат нови врнежи од дожд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…

ЦУК побарал од Градот и од Општината…

Иако поминаа само неколку денови од последната…