ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево со мала облачност, температурата до 34 степени
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во северозападните делови со услови за појава на краткотраен дожд. Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени Целсиусови, а максималната ќе достигне до 34 степени Целсиусови.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во следните денови, УХМР најавува дека времето ќе биде претежно сончево со свежи утра, со појава на мала до умерена облачност и со благо покачување на дневната температура. Во недела од крајот на денот ќе се зголемува облачноста и во понеделник ќе преовладува претежно облачно време со умерен до повремено пороен дожд, појава на грмежи и засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изгоре куќа во Валандовско, во една од…
Пожар вчера избувнал во куќа во валандовското…
Македонија произведува повеќе со помалку земјоделско земјиште…
Во изминатите десет години земјоделските површини во…
Пожарникар загина за време на спасувачка акција…
При операцијата за спасување и пренесување на…
Ја следел поранешната партнерка, најден и уред…
Полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен…
Истрага за криумчарење цигари и лекови –…
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење…