ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево со мала облачност и температура до 21 степен
Времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува и слаб ветер претежно од југозападен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од минус 3 до 3 степени, а во текот на денот ќе се искачи од 12 до 21 Целзиусов степен.
Во Скопје, времето денеска, според прогнозата на УХМР, ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и тивко. Температурата ќе биде од минус 2 степени наутро до 16 Целзиусови степени во текот на денот.
За утре синоптичарите најавуваат сончево и натпросечно топло време со мала до умерена локална облачност. Наутро, понекаде во котлините, ќе има појава на магла, а ќе дува и слаб ветер претежно од западен правец.
Во Скопје и утре времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност и тивко. Температурите утре, во текот на денот, ќе се искачат до 19 Целзиусови степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја убил 17 годишната девојка во Богданци,…
Изгореното безживотно тело кое вчера било пронајдено…
До недела стабилно време, за викендот утринската…
До недела времето ќе биде стабилно, со…
„Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски…
Македонскиот режисер Милчо Манчевски освои една од…
Уапсена мајка осомничена за убиство на едногодишната…
Полицијата во Нови Сад ја уапси 33-годишната…
Унгарија отвори дел од архивите на комунистичката…
Унгарија објави дел од достапните податоци од…