Времето денеска облачно со повремени врнежи од снег
Денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи претежно од снег.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 6 степени.
Како што соопштија од УХМР, во Скопје времето ќе биде облачно со повремен локален снег во делови од регионот. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Од среда следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во четврток и петок кога утринските температури на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а дневните понекаде ќе останат негативни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…