Врие на Косово! Затворени граничните премини Јариње и Брњак: Полицијата не дозволила спортисти да се вратат дома!

t

Косовската полиција не им дозволила на кошаркарите на Трепча и на одбојкарите на ОК „028 Косовска Митровица“ преку Јариње да се вратат дома, па биле принудени да бараат сместување во Рашка, пренесува Косово Онлајн.


Како што изјави претседателот на КК „Трепча“ Ѓорѓе Вучичевиќ за Косово онлајн, неговиот тим од 15 играчи, заедно со пет играчи од ОК „028 Косовска Митровица“ се враќале од Трстеник каде играле во второто коло од редовната српска лига.

Но, како што вели Ѓорѓе, синоќа не можеле да го поминат административниот премин Јариње.

„Од синоќа чекаме од 20 часот, а потоа бевме принудени да бараме сместување во Рашка. Се сместуваме во мотел од кој треба да тргнеме подоцна. Имаме 15 кошаркари и петмина одбојкари. знаеме дека преминот е блокиран. Сите сме заедно. Не знам што ќе правиме понатаму?Покрај возрасни, во тимот имаме и тинејџери, деца од 15 до 16 години, имам одговорност кон нив, но и кон нивните родители, сите тие треба да се стават некаде“, вели загрижено Ѓорѓе.

Граѓаните на северот на Косово почнаа да се собираат и да поставуваат барикади откако вчера беше уапсен Дејан Пантиќ. Косовската полиција ги затвори административните премини кај Јариње и Брњак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор за Мацура и вработени во Алта…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…

Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…

СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…

Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…

ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…

Ги убил синот и внукот – пронајдени…

Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…