Врие од фалсификувани банкноти на Балканот: Како да ги познаете?

t

Во земјите кои го воведоа еврото на 1.1. 2023 година двојно се зголеми бројот на лажни банкноти на пазарот информираат медиумите. Најчесто фалсификувани банкноти се оние од 50 евра. Како што пренесуваат медиумите од регионот се очекува и зголемување на бројот на фалсификувани монети во ЕУ но и во регионот. Па така полицијата во овие земји меѓу кои е и Хрватска деновиве ги предупредува граѓаните финансиските трансакции да ги извршуваат преку финансиските институции, бидејќи тоа е единствениот безбеден начин. Во спротивно, може да бидете казнети доколку добиете фалсификувани пари, пишува ХРТ.

Полицијата апелира на внимателност бидејќи казниво е и примањето фалсификувани пари со добра волја. Најважно е да се заштити самата хартија која е направена од памук. Заштитните карактеристики на куната и еврото се слични и имаат неколку нивоа. Оригиналната сметка мора да шушка и да има ознаки што можеме да ги видиме без лупа, инфрацрвена светлина и Уве ламба. Меѓу нив се и водениот печат и безбедносната нишка. Исто така во хартијата е вградена и заштитна нишка. Кога ќе погледнете кон изворот на светлина, се гледа целиот конец, а ако се погледне на површината, конецот е прекинат, објаснува Жељко Бркиќ од хрватската полиција.

Како да ги препознаете?

„Треба да ги почувствуваме, да почувствуваме дали шушкаат, дали наликуваат на класична хартија, па тоа е еден вид предупредување за нас веднаш. Треба да ги погледнеме според изворот на светлина, дали можеме да го видиме проѕирниот регистар , холограмот, заштитниот конец и водениот жиг. После тоа треба да се свртиме да видиме други елементи: дали има блескави бои, блескава нишка. Така нашите граѓани ќе бидат сигурни дека не добиле фалсификат“, рече Тихомир. Мавричек, извршен директор на Хрватската Национална Банка.

Најчесто фалсификувани се банкнотите од 50 евра. Фалсификуваните пари најчесто се подметнуваат во кафулиња, диско клубови и на пазарите. Затоа, таквите места за купување или менување на новата валута треба да се избегнуваат, апелираат надлежните.

-За разлика од банкнотите, каде што имаме исти аверс и реверс за сите земји, кај монетите имаме национални страни, а секоја земја има мотиви на националната страна. Таму има ужасно многу монети на реверсот кои тешко ќе се препознаат. Затоа треба да внимаваме на монетите, истакна Мавричек.

Казна до 10 години затвор

Инаку во Европа во просек месечно се откриваат 35.000 фалсификувани банкноти. Годишно во оптек се 420.000 парчина на пари а најмногу се произведуваат во земјите од Југоисточна Европа. Казната за прекршителите е до 10 години затвор.

„Пазарот на овие фалсификувани пари не е земјата на производство, туку главно цел е големиот пазар на Западна Европа, па затоа се произведуваат во Југоисточна Европа, а централна Европа е главно дестинација. Во оваа смисла, Хрватска е транзит земја, а следен важен фактор за Хрватска е туризмот, каде што на моменти имаме повеќе туристи отколку жители“, рече Бркиќ.

Тој додаде дека со оглед на тоа што Хрватска е туристичка земја, се очекува да расте бројот на фалсификувани евра на пазарот.

„Проценуваме дека вкупно 500 милиони банкноти и околу 5.200 тони монети ќе бидат повлечени од оптек и нашите резерви, односно проценуваме дека ќе бидат вратени околу една милијарда и 140 милиони монети“, рече Мавричек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внатрешните несогласувања во ЕУ се пречка за…

Компромисот во блокот е попречен од подемот…

САД: Немаме повеќе пари за финансирање на…

Американската влада нема повеќе пари за финансирање…

Денис Шмигал соопшти дека Украина ја доби…

„Украина ја доби деветтата транша од макрофинансиската…

Скопјанец фалсификувал легитимација и лажно се претставувал…

Единицата за економски и компјутерски криминал при…

ЕУ размислува да обезбеди 18 милијарди евра…

ЕУ размислува за можноста за обезбедување на…