Врти-сучи пак ние криви: Клубот беше создаден за да му се случи ова, тоа е одговор на провокации, вели градоначалникот на Благоевград

t

Македонскиот културен клуб во Благоевград осамна со скршено стакло. Повредени нема, а сторителите засега остануваат непознати. Според градоначалникот на градот, целта за провокација е постигната. Тој е создаден за да му се случи тоа што му се случи“, додаде Илко Стојанов.

„На крајот на краиштата, провокацијата беше постигната со помош на политичарите од Македонија. Во клубот нема живот и заборавивме дека постои. По вчерашните настани имаше реакција“, изјави градоначалникот Илко Стојанов.

Градоначалникот ги повика политичарите да ги остават луѓето да живеат мирно. „ Македонија е на 20 километри. Секоја сабота и недела има Бугари што одат таму, и обратно. Со ваквите провокативни дејствија се рушат односите“, додаде тој.

Во однос на културниот клуб, Стојанов истакна: „Ова не е клуб, туку просторија која очигледно е создадена со таква цел – да му се случи токму сега тоа што му се случи. За него нема живот, го имавме заборавено“, е мислењето на градоначалникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес утрово го стресе Благоевград

Земјотрес со јачина од 3,7 степени е…

Бугарија одби да го регистрира македонскиот културен…

Агенцијата за регистрација одби да го регистрира…

Четири лица се приведени за нападот на…

Четири лица се приведени за вандализирањето на…

Членовите на македонскиот клуб во Благоевград: Досега…

За Македонската телевизија членовите на македонскиот клуб во Благоевград…

Врти-сучи пак ние криви: Клубот беше создаден…

Македонскиот културен клуб во Благоевград осамна со…