Вртоглав пад на еврото во однос на доларот

t

На светските пазари вредноста на доларот во однос на останатите валути силно порасна минатата недела бидејќи американската ФЕД повторно агресивно ги зголеми каматните стапки, па со тоа курсот на еврото падна на најниско ниво во последните 20 години, далеку под еден долар.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американскиот долар во однос на другите светски валути, минатата недела порасна за 3 отсто на 112,96 поени, а во еден момент, за прв пат по 20 години, се проби над нивото од 113 поени.

Растот на доларот втора недела по ред е благодарение на дополнителното зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка.

Слична е ситуацијата и со Британската валута, фунтата минатата недела потона за 3% на 1,0840 долари и е на најниско ниво во изминативе 37 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маск верува дека доларот може да стане…

Eлон Маск предизвика бројни реакции поради објавата…

22 години по воведувањето на еврото, во…

Речиси 22 години по воведувањето на еврото,…

Фајненшл Тајмс: Инвеститорите го избегнуваат доларот

Менаџерите со средства овој месец ги продаваат…

Доларот ослабе, цените на нафтата пораснаа

Во Азија цените на акциите се зголемија,…

ЕУ повторно во должничка криза?

Долговите во земјите-членки на ЕУ се превисоки,…