22 години по воведувањето на еврото, во Германија сѐ уште има 12,2 милијарди марки во оптек
Речиси 22 години по воведувањето на еврото, во оптек се уште 12,2 милијарди германски марки кои граѓаните не ги замениле за евра, објави денеска Централната банка на Германија.
„На крајот на ноември во оптек се уште имаше 12,2 милијарди монети и банкноти од германски марки, односно 6,24 милијарди евра“, изјави директорот на германската централна банка Буркхард Балц во интервју за агенцијата ДПА.
Тој рече дека само годинава за евра се заменети 53 милиони марки.
„Сметаме на тоа дека следната година ќе има масовна размена на марки во евра. Зачуден сум од фактот дека и во третата деценија по воведувањето на еврото, колку марки се уште не го нашле патот до Централната банка“, рече Балц.
Тој смета дека одредено количество марки никогаш нема да се заменат за евра бидејќи ќе останат во збирките на нумизматичарите. Во оптек се уште има банкноти во вредност од 5,7 милијарди марки и монети во вредност од 6,6 милијарди марки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…
Кола намерно влета во луѓе во Германија,…
Автомобил „бмв“ синоќа намерно влетал во група…
Германската агенција за вработување се противи на…
Германската влада планира да ја преполови квотата…
Германија инвестира милиони во вештачка интелигенција, планира…
Германската федерална влада планира широка соработка со…