Повредениот е во стабилна состојба: МНР е во постојана комуникација со грчките власти по вчерашното убиство на Бајрами
По вчерашниот инцидент, Амбасадата на Република Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во постојана комуникација со официјалните претставници на институциите на Грција и за сите промени редовно известуваат во централата на Министерството за надворешни работи во Скопје, информираат од МНР.
Според информациите добиени од Генералниот конзулат во Солун, кој е во редовна комуникација со болницата каде е хоспитализиран повредениот од вчерашниот инцидент во Халкидики, повредениот е во стабилна состојба и е надвор од животна опасност.
Дипломатско-конзуларната мрежа на Македонија во Грција е активна, и покрај редовните известувања, стои на располагање и за евентуални потреби на нашите институции.
Според информациите добиени од Министерството за внатрешни работи на Македонија, во делот на оперативната соработка веднаш по вчерашниот настан службите на двете земји се во постојана комуникација и разменуваат информации во полза на истрагата и расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…
Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…
Уапсено уште едно лице осомничено за убиствата…
Вчера вечер е уапсено уште едно лице…
Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…
Децата помлади од 15 години во Грција…