Објавено на:

Вториот товарен брод го напушти украинското пристаниште и покрај руската блокада

t

Вториот товарен брод денеска исплови од украинското црноморско пристаниште Одеса и покрај руската поморска блокада и едностраната одлука во јули да не се продолжи меѓународниот договор за извоз на жито.

Бродот, кој сега се вика „Примус“ и плови под знамето на Либерија, го напушти пристаништето во саботата наутро, според онлајн веб-страницата за следење бродови MarineTraffic. Не се знае дали превезува товар.

„Примус“ пристигна во Одеса во февруари, а тогаш се нарекуваше „Поларстар“. Оттогаш го смени сопственикот и сега припаѓа на бродска компанија со седиште во Сингапур.

Руската поморска блокада и претходно беше заобиколена. Германскиот контејнерски брод „Јозеф Шулте“ исто така исплови од Одеса во август и успешно помина низ коридорот за трговски бродови во Црното Море, воспоставен од Украина. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон под притисок од улицата: Најавува мерки…

Францускиот претседател Емануел Макрон најави владини мерки…

Дипломатска мисија во Техеран: Саудиска Арабија, Турција…

Високи претставници на Саудиска Арабија, Турција и…

Франција заплени 68 кг кокаин, информациите ги…

Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка…

ЕВЕРЕСТ НА ВОДНО: Жарко и Емилија со…

Жарко Терзиевски и Емилија Лазареска го завршија…

САД подготвени за голем напад врз Иран…

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) и американските…