Објавено на:

Вторпат во еден месец: Руската централна банка ја намалува основната каматна стапка

t

Централната банка на Русија денеска соопшти дека ја намалува основната каматна стапка од 17 на 14 отсто, што е второ соопштение за намалување на каматните стапки во текот на овој месец.

Банката ја зголеми стапката на 20 отсто кон крајот на февруари, откако започна неиспровоцираната инвазија на Русија врз Украина и откако западните земји воведоа опсежни санкции. Претходно ја намали стапката на 17 отсто.

Прогнозите на централната банка се дека руската економија ќе се намали за 8 до 10 отсто оваа година посочувајќи дека економијата се соочува со предизвици поради санкциите.

„Ние сме во зона на колосална несигурност и во однос на понудата и побарувачката“, изјави гувернерката Елвира Набиулина.

Централната банка соопшти дека годишната инфлација била 17,6 отсто заклучно со 22 април и прогнозира дека ќе достигне до 23 отсто до крајот на 2022 година, пред да забави следната година.

Иако е загрижена за инфлацијата, банката соопшти дека нејзината монетарна политика ќе се фокусира и на потребата од „структурна трансформација на економијата“ со оглед на променетите околности.

Централната банка соопшти и дека увозот опаѓа позначително од извозот поради надворешната трговија и финансиските ограничувања, пренесе Радио Слободна Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Банките по Нова година со зголемена каматна…

Банките се во финални анализи и пресметки…

Украина планира да ги тужи западните банки…

Лидерите на западните банки како „ЈПМорган Чејс“,…

Скандал во Швајцарија: Втората најголема банка прогласена…

Втората по големина швајцарска банка, Credit Suisse,…

Филмски грабеж на банка во Скопје: Со…

Денеска околу 10.00 часот во СВР Скопје…