Втор ден беснее пожар: Опожарена е голема површина, огнот се приближи кон кочанско село
Пожарот кој од вчера беснее во Општина Чешиново-Облешево, а утринава влезе и во Општина Пробиштип попладнево се доближи на сто метри воздушна оддалеченост од кочанското село Врбица, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов кој е во селото.
Посочува дека ова село и пред десеттина дена исто така беше во опасност од огнените јазици, а во моментов на терен се, како што вели, пожртвуваните кочански пожарникари и доброволци.
Во атарот на Општина Пробиштип исто така на терен се и пожарникарите од ТППЕ-Пробиштип и доброволци, кои пред неколку часа со контрапожар не дозволија огнот да влезе во селото Трипатанци.
МИА претходно информираше дека во гаснењето на овој пожар од утринава се вклучени и ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување, како и два полициски хеликоптера. Станува збор за голема опожарена површина, во која горат сува трева, нискостеблести растенија, но и шума. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…
Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…
НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…
Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…
ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…
Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА МЕЃУ…
Ирак започнал подготовки за можен нов вооружен…