Објавено на:

Втор ден размена на заробеници меѓу Русија и Украина!

t

307 руски воени заробеници беа вратени денес од териториите под украинска контрола, соопшти Министерството за одбрана. За возврат, беа предадени ист број украински војници. Руските војници сега се наоѓаат на територијата на Белорусија, каде што им се пружа потребната медицинска и психолошка помош. Во петокот, 270 војници и 120 цивили беа вратени во Русија.

Размената ја потврди и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Денес е вториот ден од размената 1000 за 1000, која беше договорена во Турција, соопшти претседателот Зеленски.

– „Само за овие два дена, 697 луѓе веќе се вратени. Очекуваме уште да продолжат утре“, напиша тој. Меѓу оние што се вратија денес се војници на нашата армија, на Државната гранична служба и на Националната гарда на Украина. Им се заблагодарувам на сите вклучени во процесот на размена, кои работат деноноќно. Нашата цел е да вратиме секое лице од руско заробеништво. Продолжуваме со нашата интеракција со партнерите за да го овозможиме ова“, рече претседателот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија веќе ја напаѓа Украина со севернокорејски…

Во масовниот руски напад врз Запорожје биле…

Русија забрани опозициската Јаблоко да биде на…

Врховниот суд на Русија ја поништи регистрацијата…

Разбиена руска шпионска операција во Шведска

Шведската безбедносна служба САПО денеска објави дека…

Најмалку 13 лица се загинати во напад…

Во објава на Икс се споделува видео…

Москва го пофали Радев

Москва забележува промена во реториката на Софија…