Втор круг локални избори денеска на Косово

t

Во речиси половина од 38-те општини на Косово денеска ќе се одржи вториот круг избори за градоначалник, а се очекува резултатите да дадат важен сигнал за тоа што можат да очекуваат главните партии на евентуални предвремени парламентарни избори, објави „Балкан инсајдер“.

Општините каде што ќе се одржат прегласувања го вклучуваат главниот град Приштина и 17 други градови, вклучувајќи ги големите градови Призрен на југ, Јужна Митровица на север, Пеќ и Џаковица на запад и Гњилане на исток.

Резултатите ќе бидат тест за тоа што би можело да се случи ако кандидатот на владејачкото движење Самоопределување (Ветевендосе) за премиер, Глаук Коњуфца, не успее да обезбеди парламентарно мнозинство до 19 ноември, што би предизвикало предвремени избори.

Последните парламентарни избори на Косово се одржаа во февруари, но Ветевендосје го загуби мнозинството, а длабоките политички поделби предизвикаа месеци застој што го одложи формирањето на парламентот. Досега, ниедна партија не покажа вистинска подготвеност да формира владина коалиција, а Ветевендосје – кое е на власт во последните четири години – се чини дека се подготвува за уште едно гласање.

Политичкиот аналитичар Шенол Мухареми посочи на два клучни града за кои верува дека ќе имаат најголемо влијание врз политичката динамика.

„Вторите кругови во Приштина и Јужна Митровица би можеле да имаат сериозно влијание врз расположението пред парламентарните избори, кои веројатно ќе се одржат следниот месец“, рече Мухареми.

„Ако Ветевендосје ги изгуби обете општини, тоа ќе го стави движењето во незгодна позиција пред националното гласање“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жител на шарпланинско село во Косово е…

Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето…

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…

Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…

Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…

Косовски државјанин е лишен од слобода откако…

Поранешен полицаец во Косово осуден на 10…

Основниот суд во Приштина денес осуди поранешен…

Марта Кос за министерката што рече „етнички…

Марта Кос за министерката Снежана Пауновиќ изјави…