Објавено на:

Вулин: Блокадите во Србија ќе завршат во следните месец дена

t

Блокадите во Србија ќе завршат на единствениот можен начин – институционално и уставно. Очекувам тоа да се случи во следните месец дена. Тоа го изјави вицепремиерот на Србија во техничкиот мандат Александар Вулин за Политика, јави дописникот на МИА од Белград.

„Во тој период од месец дена ќе се донесе одлука за тоа дали ќе има нова влада или избори…Според мен, треба да се формира нова влада. Имаме криза во општеството, но немаме политичка криза, бидејќи во парламентот има јасно мнозинство. Ако опозицијата во парламентот имаше аргументи, немаше да ни фрлаат чадни бомби“, рече Вулин во интервјуто.

На прашањето дали ќе биде дел од новата влада, тој рече дека верува дека тоа ќе биде влада на континуитет со владата на Милош Вучевиќ, кој „одлично си ја заврши работата“.

Говорејќи по враќањето од Москва, тој рече дека таму се „многу загрижени за Србија и за сето она што се случува во целиот српски свет“.

„Тие јасно гледаат шема и хибриден напад врз Србите каде и да живеат“.

На прашањето за нафтената индустрија на Србија (НИС), тој рече дека тоа ќе биде „решено со согласност на Руската Федерација“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неочекуван пресврт во Вашингтон: Трамп најави дека…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…

Мицкоски: За време на владата на Филипче…

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во ТВ…

Нова опасност за светската економија: Иран се…

Глобалната енергетска криза би можела дополнително да…

Тајни енергетски преговори меѓу САД и Русија:…

Додека војната во Украина продолжува, зад дипломатската…

Нова штета на преминот вреден стотици илјади…

Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае…