Вулин: За странски амбасадори да бираат влада во Србија ќе мора НАТО да нѐ окупира

t

Основачот на Движењето на социјалистите Александар Вулин денеска изјави дека странските амбасадори во Србија ќе треба да чекаат Србија да стане нивна колонија или НАТО да ги окупира, па тие наместо Србите да ја изберат Владата на Србија, соопшти Движењето на социјалистите. Според соопштението, Вулин рекол дека амбасадорите на Германија и Франција кажале дека местото на Србија во Европската унија е „резервирано“.

„Единствениот проблем е што зборот на амбасадорот и на целата Европска Унија вреди колку и нивниот потпис на Бриселскиот договор. Како што се почитува договорот, така е и нивниот збор. Лажеа тогаш, лажат сега, но вистината ја кажуваат кога велат дека сакале да утврдат кој е на власт во Србија и не кријат дека имаат фаворити.

Тоа е убаво, но за амбасадорите да изберат влада наместо Србите, ќе треба да чекаат ние да станеме нивна колонија или барем НАТО да не окупира“, рече Вулин. Тој додаде дека амбасадорите ја кажале вистината за едно прашање, а тоа е дека за нив мерка на сите работи е воведување санкции кон Русија. „Ако веќе не можеа да ја бомбардираат Русија, нека бомбардирана Србија да ја нападне Русија, а за возврат на Србија ќе и биде дозволено да го признае Косово.

Сигурно во таа Европска Унија има некој што е нормален и кој знае дека Србија нема да го предаде вековното братство со Русија, а нема да се предаде себеси со тоа што ќе го признае Косово и ќе го прифати како прекрасна можност да го оправда бомбардирањето на НАТО со своето предавство. Сигурно има некој нормален во ЕУ кој знае дека тоа не се бара од суверена и слободна земја, но тие нормални луѓе изгледа не можат да добијат шанса да зборуваат“, рече Вулин, реагирајќи на изјавата на амбасадорите на Германија и Франција во Србија.

Амбасадорите на Германија и Франција во Србија, Анке Конрад и Пјер Кошар, во заеднички текст во „Политика“ ги повикаа „властите, сите политички и општествени сили и сите граѓани на Србија, целта за влез во ЕУ да биде национален приоритет. “

„Во нашата заедничка татковина на слободата, владеењето на правото и императивот на социјалната правда, Србија има резервирано место. Сакаме вашата пријателска земја со својата историја и национален дух да даде незаменлив придонес за таа заедничка татковина“, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена од Србија чува кокошки кои несат…

Весна Козак од Падина одгледува околу 40…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Шефот на финската армија: Европа треба да…

Новиот шеф на вооружените сили на Финска,…

НАТО ја обвини Русија за „хибридни малигни…

Северноатлантската алијанса ја обвини Русија за „хибридни…