Објавено на:

Вулин: Земјите кои нè бомбардираа немаат морално право да бараат Белград да ѝ воведе санкции на Русија

t

Министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин изјави дека земјите кои ја бомбардираа Србија немаат морално право да бараат од Белград да ѝ воведе санкции на Русија.

Вулин во интервју за грчки Еуроактив кажа, кога станува збор за војната во Украина, дека Србија го почитува територијалниот интегритет на секоја земја и затоа бара да се почитува и нејзиниот територијален интегритет.

„Не мислам дека земјите кои нè бомбардираа имаат морално право да бараат да се придружиме на нивната политика“, кажа Вулин.

„Не смееме да заборавиме дека Европа не го реши кипарскиот проблем, а истовремено мисли дека може да реши други проблеми. Што се однесува до нас, почитувањето на меѓународното право би можело да почне од Србија. И мора да се почитува принципот на зачувување на границите и територијалниот интегритет“, додаде Вулин.

Тој оцени и дека западната политика која се води под слоганот „Русија мора да биде поразена“ нема да доведе до мир во Украина.

„Мислам дека во сегашната политика повеќе станува збор за тоа да се порази Русија, отколку да се создаде мир во Украина. А на тој начин не може да се создаде мир во Украина“, кажа Вулин.

На прашањето за амбициите на Србија да влезе во Европската Унија и за предложената забрзана постапка за Украина, Вулин кажа дека „Белград очекува фер плеј“ и дека, кога во меѓународните односи би владеела правдата“, „Србија би била многу поголема“.

„Србија мора да работи на тоа да ја зајакне сопствената земја, за да се справи со предизвиците. Сè останато е помалку важно“, заклучи Вулин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…