Вулин му честиташе на Стоилковиќ: Никогаш не ги заборавајте луѓето од кои дојдовте и на кои сите ние им должиме сè
Потпретседателот на Владата на Република Србија, Александар Вулин, упати срдечни честитки до претседателот на Демократската партија на Србите во Mакедонија, Иван Стоилковиќ, по повод неговото назначување на функцијата вицепремиер во македонската влада.
– Ви честитам на важната и одговорна функција. Посакувам да ја извршувате посветено и одговорно и за доброто на Македонија и за доброто на Србите во Македонија, но и во Србија. Никогаш не заборавајте на народот од кој дојдовте и на кои сите ние, вклучително и вие, им должиме сè. Вие сте првиот српски потпретседател на Владата на Македонија и се надевам дека ова нема да биде единствениот успех по кој ќе бидете запаметени, се вели во честитката на вицепремиерот на Србија, Александар Вулин.
Предлогот Стоилковиќ да биде заменик претседател на владата и министер кој ќе раководи со ресорот задолжен за односите меѓу заедниците, предизвика размена на критики во опонентските блокови на партиите на Албанците. Против изборот на Стоилковиќ најгласни беа од ДУИ и од Европскиот фронт, обвинувајќи дека тој ресор, според етничката застапеност, треба да му припадне на Албанец, но и обвинија дека Стоилковиќ е личност со тесни врски со Владимир Путин и Александар Вучиќ.
Номинацијата на Стоилковиќ за вицепремиер и министер за односи меѓу заедницата ја искоментира и американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер. Запрашана што мисли за министерот, амбасадорката неодамна одговори дека неговите изјави се шокантни и за осуда и најави дека САД одблизу ќе ја следат неговата работа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…
Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…
Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…
Русија засега не потврдува дека прифатила какво…
Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…
Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…
Републиканци против Трамп: Договорот за руски дизел…
Договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за…
Американските медиуми: Трамп е многу – многу…
Американскиот претседател Доналд Трамп е силно незадоволен…