Вучевиќ ги плаши Македонија и Црна Гора со судбината на Украина
Српскиот министер за одбрана, Милош Вучевиќ, практично ги заплаши Македонија и Црна Гора со судбината на Украина.
– Направивте грешка и ќе ви се удри од глава, како што ѝ се удри на Украина и сите оние кои го признаа Косово како независна држава. Тие ја отворија Пандорината кутија. Потполно смешни се обидите на нивните бирократи да објаснат дека Косово е специфичен и единствен случај. Не им верувам ниту на Тирана, ниту на Албин Курти, кажа Вучевиќ во гостивање на ТВ Пинк и додаде дека Скопје и Приштина не можат да спијат спокојно.
– Кога се дел од НАТО тие сметаат дека сите проблеми им се решени и дека ништо не може да им се случи. Тоа постојано се зборува во Македонија и во Црна Гора. Во Македонија 25% од Албанците, ја имаат 50% од власта во државата. Ако тоа е во ред за Македонците, во ред е и за нас, вели Вучевиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…