Вучевиќ: Литиумот е геополитичка предност на Србија, несериозно е да се пропушти шансата
Српскиот премиер Милош Вучевиќ изјави дека е несериозно и неодговорно да се пропушти шансата за експлоатација на литиум и дека тој е геополитичка предност за земјата, бидејќи како што наведе, не е исто да се разговара со Србија без и со литиум.
-Рударството е нераскинливо поврзано со развојот на нашата земја. Така е од средниот век до денес. Верувам во одржлива економија, односно одржлив развој. Верувам дека економијата и екологијата се две гранки од исто дрво и дека ниту една не треба да биде отсечена, рече тој на ТВ Прва.
За да се продолжи со истражувањето и евентуалната експлоатација на литиумските и другите минерални руди, потребно е да се добијат гаранции дека ќе се применат највисоки можни мерки за заштита, пред се за здравјето на луѓето и за животната средина, кажа Вучевиќ.
-Тоа е услов на сите услови, над економијата, над математиката. Без таква гаранција, а такви гаранции може да ги потврди само струката, а не некој што нема поим за тоа, туку мисли дека е од Бога даден да зборува за литиум или нешто друго, а не знае ништо за тоа. Тоа не можам да го прифатам како релевантно, рече српскиот премеир.
Тој наведе дека е особено важно Србија да инсистира да не извезува суровина, туку производство во Србија и дека сака да има синџир од експлоатација до производство.
-Не сакаме да ни се зема суровина и да се оди во некоја друга земја да се прават батерии или електрични возила таму. Сакаме таквото производство директно да се организира во Србија, нагласи Вучевиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…
Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…
САД нудат награда од 20 милиони долари…
Соединетите Американски Држави нудат награда до 20…
Митровденска задушница – спомен за починатите
Православните христијани денеска ја одбележуваат Митровденската задушница…
Почина поранешниот американски сенатор Рокфелер, наследник на…
Џон Д. „Џеј“ Рокфелер Четврти, наследник на…
Денес се празнуваат Светите маченици Маркијан и…
Овие Божји светители беа клирици при цариградскиот…