Вучевиќ: Силната војска ја гарантира слободата на Србија

t

Војската на Србија има многу повеќе отколку што имаше во претходните периоди, а потребна ни е силна армија бидејќи го чува мирот и ја гарантира слободата, изјави денеска министерот за одбрана во Владата на Србија и претседател на Српската напредна партија (СНС) Милош Вучевиќ.

Тој при гостувањето на ТВ Прва изјави дека до средината на октомври треба да се знае дали ќе има предвремени избори или не.
Говорејќи за набавката на оружје, тој посочи дека сега воопшто не е лесно да се набави оружје и воена опрема што самите не ги произведуваат, туку дека ќе ги набавуваат на сите пазари каде што е можно.

Осврнувајќи се на последната неуспешна рунда преговори во Брисел, тој рече дека по неа повторно имаме тензична ситуација на терен каде српскиот народ е изложен на притисок.

„Инцидентите почнаа веднаш. Двајца српски младинци претепани во Грачаница. Курти е подготвен на се. Албанците само ќе предизвикаат конфликт, а целта на Курти е да го исчисти Косово од Србите“, изјави Вучевиќ, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште еден српски функционер оди во притвор!

Судија за претходна постапка од Посебното одделение…

Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…

Курсот на српскиот динар е стабилен, а…

30 дена притвор за командантот Жмириќ и…

Судија на претходна постапка им одреди притвор…

Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…

Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…

Универзитетот во Белград алармира: БИА речиси една…

Универзитетот во Белград изрази загриженост поради сознанијата…