Вучиќ: Ако изгубиме, ќе ја признаеме волјата на гласачите, а ако победиме никој нема да ни ја одземе победата
Александар Вучиќ, носител на изборната листа „Обединета Србија“ на предвремените парламентарни избори во Србија, денеска по гласањето повтори дека ќе ги прифати изборните резултати, какви и да бидат, и изрази надеж дека изборниот ден ќе помине мирно.
„Се надевам дека изборите ќе поминат во ред и мир, исто како и на ова избирачко место. Верувам дека вечерва ќе ја имаме демократската волја на граѓаните. Како што секогаш сум велел, изборите може да ги добиете или да ги изгубите. Ние секогаш ќе се однесуваме одговорно – ако изгубиме, ќе ја признаеме волјата на гласачите, а ако победиме, никој нема да ни ја одземе победата. Тоа е сè“, изјави Вучиќ.
Тој гласаше со сопругата на избирачко место во Нов Белград, откако чекале околу два часа во ред.
Според него, волјата на народот е волја на Бога – vox populi, vox dei.
Вучиќ повтори и дека Србија денеска избира во која насока ќе се движи – „кон иднината или кон минатото, во времето на грабежните приватизации, економското уништување на земјата и политичкото понижување и на нацијата и на целата држава“.
„Ќе видиме како ќе одлучат граѓаните. Важно е луѓето да почекаат. Околу 22:00 или 22:30 часот ќе знаеме кој победил“, рече Вучиќ, најавувајќи ја првата прелиминарна процена на конечните резултати.
„Ќе дадеме точна процена на изборните резултати. Тука нема голема филозофија, какви и да бидат резултатите“, изјави Вучиќ, доскорешен претседател на Србија и член на Српската напредна партија.
Одговарајќи на прашањата на странските новинари на англиски јазик, Вучиќ повтори дека ќе го признае поразот доколку тоа го покажат изборните резултати, или ќе прогласи победа.
„Вечерва ќе видиме дали ќе бидам во опозиција или на власт“, изјави Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен и Кошта по средбата…
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…
Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…
Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…
Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…
Вучиќ: Благодарност до руските партнери што нè…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Токио…