Објавено на:

Вучиќ бара кривична одговорност за хаосот

t

Претседателот Александар Вучиќ бара кривична и правна одговорност за „силеџиството и хулиганството“ во Собранието на Србија.

„Чекаме што ќе направи обвинителството. Да беше спротивно, досега сите ќе бевме обесени“, изјави Вучиќ, префрлајќи ја врз опозициските пратеници одговорноста за хаосот во вторникот.

Пратеничката Јасмина Обрадовиќ, која претрпе мозочен удар, е задржана на интензивна нега. Подобро е повредената Соња Илиќ, која е во осми месец бременост, како и Јасмина Каранац, која беше испрскана со солзавец.

Полицијата извршила темелен претрес во Собранието по дојавата дека во зградата е поставена бомба. Не нашле.

Пред Собранието се распоредени многу полицајци. Ги претресуваат пратениците што доаѓаат на продолжението на седницата. Не може да внесат храна. Одземале и свирчиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНОЗИНСКИОТ СОПСТВЕНИК ВО „ИЛОВИЦА“ ИНВЕСТИРА НАД МИЛИЈАРДА…

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата…

ЕУ ПОВИКА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ УСОГЛАСИ СО…

Официјален Брисел очекува Македонија да се приклучи…

Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…

Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…

Цените на храната во Европа повторно почнуваат…

Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…

Голема полициска акција против организирана криминална група…