Објавено на:

Вучиќ: БРИКС е големо прашање за иднината

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија е на европскиот пат, а членството во БРИКС, кое станува сè попопуларно, е прашање за иднината, односно за новите генерации.

„Ова станува големо прашање за иднината, кое секако ќе биде отворено и во оваа земја“, рече Вучиќ на прес-конференцијата.

Тој додаде дека БРИКС мора да ги реши своите противречности меѓу двете големи сили, а доколку успее да го реши тоа, БРИКС ќе има, вели, голема иднина и во тоа нема сомнеж.

-Што се однесува до Србија, не можам да знам што ќе прави за 15 или 20 години, но ако на БРИКС му се придружи Индонезија, која најави поднесување барање, ОАЕ, Саудиска Арабија, Египет, Етиопија, ако Нигерија дали таму некои земји од Латинска Америка, можеби Бангладеш, Иран, тогаш картата на светот драматично се менува, подвлече Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…

Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…

Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…

Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…

Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…