Вучиќ: Бугарите негодуваат, затоа што сме попопуларни од нив во Македонија

t

Ги сакам сите вина на нашите браќа Македонци. И ‘Плантаже’ направи едно добро вино – изјави Вучиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Бегарите негoдуваат бидејќи Србија е популарна од нив во Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ гостувајќи на ТВ Пинк говорејќи за односите во регионот изјави дека мисли „оти односите со Црна Гора се нешто подобри од порано, со Унгарија и Македонија најдобри во историјата и дека Бугарите ни замеруваат затоа што сме попопуларни од нив во Македонија“.

-Со Албанија имаме пристојни односи колку што е можно. (Премиерот Еди) Рама не беше на неодамнешниот саем за вино, но беа албански претставници и некои од нивните вина добија награди. Нивните сорти вино се интересни, не ги сакам овие светски вина. Ги сакам сите вина на нашите браќа Македонци. И ‘Плантаже’ направи едно добро вино – изјави Вучиќ.

Вучиќ синоќа изјави дека односите со Хрватска ќе бидат подобри кога ќе сфатат дека Јасеновац е срам, а не нешто што треба да се заборави.

Тој рече дека не сака да го коментира протерувањето на хрватскиот дипломат од Србија и дека тоа е работа на надлежните органи.

-Не го ни спомнав тоа и не сакав да зборувам за тоа, бидејќи мислев дека тоа е прашање на професионален однос. На две сериозни служби како Српската и Хрватска, изјави Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…