Вучиќ вечерва со вондредно обраќање: Србија оди на избори?!
Дел од медиумите вчера пишуваа дека владејачката партија разгледувала три опции. Сите вклучуваат оставка, но чија?
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва ќе се обрати до српската јавност преку јавниот сервис РТС, објавија српските медиуми.
Причина за гостувањето се актуелните случувања во земјата, но сè уште не се знае дали ќе соопшти важна одлука, како што пишуваа дел од медиумите кои важат блиски до неговата власт.
Дел од медиумите во Србија вчера пишуваа дека деновиве, најверојатно понеделник, ќе биде објавена една од трите опции кои ги разгледува неговата партија СНС, а тоа се: дека владата на Србија ќе поднесе оставка; оставка ќе поднесе тој како претседател или и Владата и Вучиќ ќе поднесат оставки и ќе се распишат вонредни избори.
Тоа, а пишуваа медиумите, било заклучено на партиски состанок вчера, на кој присуствувал и Вучиќ.
Не е познато дали претседателот ќе има ново обраќање утре, засега единствено што е потврдено е оти вечерва тој ќе се појави во на програмата на РТС во 19:30 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…