Вучиќ: Во декември просечната плата ќе биде 804 евра

t

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, вечерва истакна дека во декември просечната плата ќе биде 804 евра, а дека следната година во декември ќе биде 960, речиси 1.000 евра.

Тој додаде дека просечната пензија на крајот на следната година ќе изнесува 390 евра, без да се загрозат јавните финансии.

„Во септември на 214.000 лица им се зголемиле платите за 5,5 отсто, од 1 јануари ќе добијат уште 11 отсто, што е повеќе од просечната годишна инфлација која е околу 11 или 12 отсто, од 1 октомври пензионерите ќе земаат 5,5 проценти, кумулативно од 1 јануари над 20 проценти“, рече Вучиќ.

„Србија денеска ги надмина Северна Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина по просечни плати, а јавниот долг е 50 отсто од БДП“, истакна претседателот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка

Пожар избил денеска на територијата на Општина…

Лефков: Грижата на талогот од СДС и…

Венко Филипче како прв човек на СДС,…

Мицкоски за Филипче: Не би сакал да…

Јас можам за прв пат да се…

Финансиска полиција: Сопственик на фирма осомничен дека…

Управата за финансиска полиција до Основното јавно…

Ал Шара: САД ја отстрани Сирија од…

Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара ја поздрави одлуката…