Објавено на:

Вучиќ: Големи се шансите Косово да стане членка на Советот на Европа, правиме сѐ за да го спречиме тоа

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска истакна дека шансите Косово да стане членка на Советот на Европа се многу значајни и големи и дека Србија прави сѐ тоа да го спречи.

Вучиќ во своето обраќање до јавноста посочи дека претстојат политичко-дипломатски битки за Косово, потсетувајќи дека на 16 мај се очекува гласање во Комитетот на министри на Советот на Европа за прашањето за членството на Приштина во таа организација.

Тој посочи дека на она што се соочува Србија не може да се гледа изолирано и дека има три точки.

Вучиќ укажа на новата обврска што ѝ беше воведена на Србија на европскиот пат во однос на поглавјето 35, додавајќи дека изменетото поглавје е доста неповолно.

„Шансите Косово да стане членка на Советот на Европа се големи, правиме сѐ да го спречиме тоа, бидејќи ги почитуваме европските правила, сѐ што договоривме со Европа и Американците. Првата низа беше формирање на Заедницата на српските општини, потоа по чудните посети на Атина има промена на тие договори и услови Тие веќе не спомнуваат спречување на експропријација на српскиот имот, и незаконско воспоставување полициски бази на север, никој веќе не го спомнува ЗСО. “, објасни тој.

Тој посочи дека е интересно што Европската иницијатива за стабилност предводена од Џералд Кнаус служи за создавање димна завеса околу вистината за тоа што се случува и зошто Приштина не може да ја формира ЗСО.

„Тој вели „затоа што српските општини не постојат“. Ги има и денес. Има и јужно од Ибар затоа што нема Срби само на север. Така велат луѓето кои го прифатиле изборниот резултат со излезност од три проценти и тоа беше врвот на демократијата затоа што кога имаш три проценти излезност на гласачите, тоа е врв на демократијата и тогаш тие ќе речат дека ние не дозволуваме Косово да формира ЗСО и тие треба да бидат наградени, а Србите да бидат казнети“, рече Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Европа во пламен! Еве каде сѐ…

Протести поради растот на трошоците за живот,…

Србија дала над 110.000 евра на здруженија…

Од 2023 година, Управата за дијаспора на…

Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…

Српската полиција денеска спровела голема акција во…

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Европа вработува на големо во дата-центрите: Овие…

Побарувачката за работници во дата-центрите значително расте…