Вучиќ: Да не дозволиме Србија да застане

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја сумираше изминатата работна недела и изјави дека ќе работи понапорно, посилно, како и дека ќе се бори за татковината и ќе се спротивстави на сите кои сакаат да ја спречат.
„Во моментите кога сме пред најголемите предизвици, наша задача е да не дозволиме Србија да застане. Со труд, работа и посветеност ја поведовме државата на добар пат, а за да останеме на тој пат мораме уште посилно и похрабро да ги туркаме работите“, порача Вучиќ на Инстаграм.

Тој додаде дека ќе даде се од себе Србија да продолжи да оди напред и да стане уште подобро место за живеење.

„Ќе работиме понапорно, посилно, ќе се бориме за татковината и ќе се спротивставиме на сите оние кои сакаат да ја спречат. Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои ја сакаат својата Србија и кои не поддржуваат и следат на тој пат“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен и Кошта по средбата…

Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…

Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…

Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…

Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…

Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…

Вучиќ: Благодарност до руските партнери што нè…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Токио…